Туѓи брзи кредити ќе плаќа Слободан Ангелов од кочанско Оризари заради злоупотреба

Заради злоупотребна лична карта и изваден брз кредит на негово име, Слободан Ангелов од кочанско Оризари. Откако во јуни месец минатата година, тој остана затечен од информацијата дека на негово име има извадено пет брзи кредити, сега ќе мора да плаќа за злоупотребата од свој џеб, што за него значи да ја даде цела плата на кредити.

„Моите податоци беа злоупотребени во јули месец. Без моја дозвола аплицирале за кредит за 81.500 денари. Јас го пријавив тоа во полицијата, таму си има записник. Јас ги ставив моите податоци за донација за куќата, лицето се најде“, вели Ангелов.

Ангелов е воен инвалид и вели дека веќе плаќа 5.600 денари рата за кредит, кој со свој потпис и согласност го подигнал за куќата од банка. Имајќи ја предвид таа сума и парите коишто ќе треба да ги плаќа на финансиските друштва за извадените брзи кредити, тој вели дека неговата егзистенција се става под знак прашалник.

„Јас си тражам оштета, 200.000 евра на мене да му се плате за стресот оти јас имав стресови, апчиња пијам. Ќе ја тужам државата, ќе си барам оштета како воен инвалид и пензија. Треба и на нас воените инвалиди да ни дадат, од нас дигнаа раце“, додава Ангелов.

Ангелов минатата година собираше хуманитарна помош за да може да ја реновира трошната куќа во која живее со семејтвото. Токму на тој начин и му била извршена измамата, односно некој ги имал искористено неговите лични податоци објавени за хуманитарната акција со цел да си извади брзи кредити на негово име.

Ребека Спасова М-Нет