Шкендија се засили со Ералдо Чинари

Шкендија продолжува со засилувањата за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига, откако го промовираше Ералдо Чинари како петто засилување.

26-годишниот албански офанзивец со Шкендија потпиша договор на една и пол сезона, а во поранешниот македонски шампион доаѓа од Самсунспор. Шкендија претхдоно се засили со Максимов, Ќака, Мујезиновиќ и Милев.

Шкендија интензивно се засилува и подготвува во борбата со лидерот Струга Трим Љум и второпласираниот Шкупи во битката за титулата во ПМФЛ.