
Најдоброто во здравство, спортот, грижата за безбедност во сообраќајот, медиумската сфера беа само дел од наградите кои еден од најстарите медиуми во Штип, весникот „Штипски глас“ ги додели на оние кои покажале најдобри резултати во 2022 година во својата област на дејствување. Новата година и за М-Нет Телевизија започна со вреднување на трудот кој беше вложен изминатата година, а Иван Бојаџиски од „Штипски глас“ за сите наградени посочи дека ако нешто вреди, треба да биде наградено.
„Ако некој којшто бил повеќе застапен во весникот, со повеќе позитивни текстови, тоа е затоа што тој си го заслужил. Ако една докторка, која се вика Дијана, за време на пандемијата го жртвувала своето здравје и својот живот за да спаси мал милион пациенти, тогаш заслужува тој чин на хуманост да биде овековечен. Ако една наставничка по спорт и спортски активности, своите деца ги насочува да се занимаваат со спорт, тогаш тоа треба да биде признаено и наградено
Докторка, полициска службеничка, професорка по спорт и спортски активности, музички концерт, општествено-одговорни и иновативни компании ја искажаа благодарноста за доделените награди на манифестацијата „Најдоброто од Штип“, која годинава се одржува за првпат.
За наградите на манифестацијата „Најдоброто од Штип“ одлучуваше Комисија за доделување признанија при весникот „Штипски глас“.
Ребека Спасова М-Нет