
Трета година по ред нема пад на бројот на студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, туку се бележи благ пораст, информира ректорот Дејан Мираковски. Според него, зголемениот интерес се должи на можностите за мобилност и соработка со европски универзитети. Оваа година, како што рече очекува да биде успешна уписна и да има голема заинтересираност
,,За среќа ние се држиме константно веќе трета година со благ пораст сме како универзитет. Јас верувам дека опциите, можностите што им ги нуди и универзитетот и градот се навистина на едно завидно ниво. Посебно можноста за мобилности и можноста за соработка со други европски универзитети е нешто што, еве најосновно кажано тие можат да добијат европско образование тука дома и навистина да бидат изложени на едни нови знаења, новак култура, исто како било кој студент во било која европска држава. Верувам дека ќе имаме добра уписна година. Ќе имаме добра уписна година, интересот сега е околу 1000 млади луѓе средношколци, ќе бидат присутни на овој настан.“, кажа Мираковски
Ректорот Дејан Мираковски вели дека Универзитет „Гоце Делчев“, континуирано вложува во квалитетот на наставата и условите за студирање. Посочува дека фокусот е и на интернационализацијата, со цел студентите да бидат дел од европскиот образовен простор и да добијат нови можности.
,,Им овозможуваме на младите, да ги реализираат соништата, да се запознаат со тоа што нуди нашиот универзитет, кој навистина многу вложува во подобрување на квалитетот на студиските програми, во подобрување на условите за студирање, во нивото на студирање и пред се во интернационализацијата, односно во можностите и тие да бидат дел од европскиот универзтитески простор, кое што верувам дека е од огромно значење за низ и за нашата држава.“, додава Мираковски
Mираковски, верува дека само поврзувањето со реалниот сектор, со институциите и со компаниите е можност, тоа што го научат студентите не остане само на хартија, туку да се реализира и тие да бидат навистина идни креатори на една успешна здрава средина и да живеат во државата.
Иван Митев, М-Нет