
Вратете се дома, инвестирајте и градете иднина во Македонија, премиерот Мицкоски со јасна порака од Виена до дијаспората. Целта како што посочи е да се донесат нови инвестиции и да се отворат повеќе работни места. Пораката му е дека иднината на државата се гради заедно, со враќање и ангажман на дијаспората
,,Нaша порака, која што се испраќа надвор од Македонија е порака која што значи дека ние како земја и како татковина ваша ве повикуваме нормално да се вратите дома, да инвестирате дома, затоа што вие се практично додадената вредност на нашето општество. Тоа е нашата цел како влада и ние како влада деноноќно работиме да обезбедиме услови, таквите потенцијални инвестиции да бидат пред се сигурни, инвестиции кои што ќе овозможат се разбира подобра економија за вашата татковина, а тоа е Македонија, но и истовремено и да помогнеме на нашите сограѓани со нови работни места, со добро платени работни места, со трасфер на знаење, вмрежувањеи на тој начин да го поткренеме квалитетот на нашето општество.“, кажа Мицкоски
Како што кажа премиерот, Македонија е гладна за инвестиции, па затоа повикот му е иселениците да се вратат. На тој начин вели може да се развива државата и да се подобри стандардот на граѓаните.
Целта е што повеќе инвестиции, подобар стандард и враќање на иселениците во Македонија.
Иван Митев, М-Нет