
Офталмолошки и стоматолошки преглед, како и вакцинален картон задолжителни за упис на првачињата. Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира родителите навреме да ја обезбедат целата потребна документација. Без овие документи, учениците нема да можат да бидат запишани во прво одделение. Дополнително, се повикува на почитување на реонизацијата за да се избегне пренатрупаност или полупразност во училиштата. Целта е подобра организација и услови за сите ученици.
,,Да потстеам дека во мај месец, почнуваат уписите на првачињата, па да ги потсетиме родителите, дека за тоа е неопходно да си обезбедат офталмолошки и стоматолошки преглед и вакцинален картон и заедно со овие докуемтни да пристапат кон упис на ученциите и уште еден повик до родителите, но и до градоначалниците и училиптата, да се држат до реонизацијата за да не добиеме училишта кои што ќе бидат пренатрупани со ученици некои кои ќе бидат полупразни. Тоа е во корист првенствено за децата, а сметам дека тие се основна грижа и наш основен приоритет.“; вели Јаневска
Дополнително интензивно се подобрува и образовната инфраструктура низ државата. Министерката Јаневска вели дека во изминатиот период се посетени повеќе општини за увид во градежните работи. Целта е да се обезбедат подобри услови за сите ученици.
,,Во изманиот период посетив повеќе општини, за да направам увид во градежните работи, за да подобрување на инфраструктурата на образованието на нашата земја. Интензивно ја подобруваме инфраструктурата на секаде низ државата.“, додаде Јаневска
Целта како што истакна министерката Јаневска, е децата да имаат еднакви и квалитетни услови за образование уште од самиот почеток. Со навремена подготовка за упис и почитување на реонизацијата, се очекува подобра распределба на учениците. Паралелно, се вложува и во подобрување на училишната инфраструктура низ државата. Сето тоа треба да донесе поквалитетна настава и подобра средина за првачињата.
Иван Митев, М-Нет