
Тренерки, кратка облека, папучи и влечки – од сега ќе бидат забранети при влез во Одделот за граѓански работи во МВР.
Министерството за внатрешни работи воведува нов кодекс за облекување за граѓаните кои доаѓаат по лични документи и други услуги.
Од МВР велат дека целта е да се одржи ред, пристојност и професионален изглед во институцијата.
Според правилата, нема да се дозволува облека што е премногу кратка, открива тело или е наменета за плажа и спортски активности.
Кодексот ќе важи и за граѓаните и за вработените во Одделот за граѓански работи.
„За неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи се смета:
– премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани);
-блека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека;
– облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови;
Со новиот кодекс, МВР отвора прашање колку треба да се внимава на изгледот во државните институции. Засега правилата важат само за шалтерите во Одделот за граѓански работи, каде граѓаните вадат лични документи и други услуги. Но се поставува прашањето – дали ваков начин на облекување треба да се воведе и во општините и другите институции каде секојдневно одат граѓаните?
Иван Митев, М-Нет