Денес младите музички таленти од Музичката академија при УГД -Штип ќе одржат концерт во Скопје


Денес млади музички таленти ќе настапат во Скопје, концерт на студенти од Музичката академија при УГД Музичка младина на Македонија, во соработка со Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, денеска со почеток во 19:00 часот во Музејот на македонската борба во Скопје организира концерт на студенти од академијата. Настанот е дел од програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, преку која континуирано се отвора простор за промоција, јавен настап и професионален развој на младите музички уметници од државата. Публиката ќе има можност да проследи изведби на инструменталисти и соло пејачи, кои ќе интерпретираат дела од Сен-Санс, Шуберт, Менделсон, Рахмањинов, Доницети и други светски композитори. Во програмата учествуваат студенти од класите на повеќе професори и музички педагози од академијата. Концертот е дел од пошироката концертна сезона на Музичка младина на Македонија, која во текот на годината реализира бројни концерти и активности за млади музичари од основното, средното и високото музичко образование. Организаторите информираат дека влезот е слободен за љубетилите да присуствуваат и да ги слушнат младите таленти.

Дајана Сандева, М-Нет