
Марш за Ангелите на Задушница во пробиштипското село Ратавица. Од Здружението на граѓани 16 март 2025 од Кочани, соопштуваат дека маршот оваа сабота ќе започне од 19:05 минути на спортското игралиште во селото. Токму на Задушница, родителите на загинатите истакнуваат дека правдата повторно ќе ја бараат, бидејќи како што велат токму на овој ден трагедијата не се заборава, се палат свеќи, се изговараат имиња, се носи љубов кон оние што физички ги нема, но духновно се со секого.
„На денот на Задушница, со тишина, молитва и болка што не поминува — ќе чекориме за нашите Ангели.
За оние чии гласови замолкнаа прерано, но чие присуство засекогаш останува во нашите срца.
Спортско игралиште с. Ратавица, Пробиштипско
30.05.2026 (сабота)
19:05 часот
На Задушница не се заборава.
Се палат свеќи.
Се изговараат имиња.
Се носи љубовта кон оние што физички ги нема, но духовно се со нас во секој чекор.За 63-те Ангели.За повредените.За правдата што сме должни да ја истраеме до крај. „Не бараме пресуда на улица.
Бараме правда во судница.“- информираат од здружението
Инаку во трагедијата која што се случи минатата година на 16 март во дискотетка Пулс, животот загнсна на 63 лица, а околу 200 беа повредени, кои беа траспортирани на клиники во и надвор од државата. Судењето се уште во тек.
Иван Митев, М-Нет