Екипата на Текстилец УГД сезоната во Првата ракометна лига ја заврши на шестото место со што тимот од Штип заоркужи успешна сезона. Текстилец УГД сезоната ја заврши и со двајца најдобри стрелци во топ десет листата.
Најдобар стрелец во лигата е Адис Салиу, ракометарот на Јехона постигна фантастични 223 гола, втор најдобар стрелец беше ракометарот на Шампион, Давид Јовчевски со 209 гола, а пак Илија Пејковски, кој го носи дресот на Партизан има 197 гола.
На четвртото место на листата на најдобри стрелци заврши Даниел Андоновски, кој за Младост од Богданци имаше 177 реализации, Христијан Ристевски за Преспа постигна 168 гола за петти најдобар стрелец.
На шестото и седмото место се ракометари на Текстилец УГД, Јован Атанасовски и Филип Џинес кои постигнаа по 160 погодоци, со тоа што Атанасовски овие погодоци ги постигна на 22 меча, а Џинес на 23 натпревари, па просекот на Атанасовски е подобар односно 7.27 по меч, а на Џинес нешто под седум по меч.
На осмото место заврши Ѓорѓи Орешков, кој за Вардар Неготино имаше 147 погодоци, деветти најдобар стрелец е Лазар Адамовиќ, кој за тимот од Богданци има 140 погодоци, а пак Немања Џигеровски е најдобар стрелец за шампионот Мулти Есенс со 138 гола за десетти најдобар стрелец во Првата ракометна лига.
Александар Ванев, М-Нет