Страшна тепачка ноќеска во Штип, пред ноќен клуб се тепале со тврди предмети и ладно оружје

Во тепачка ноќеска пред ноќен клуб во Штип настрадале повеќе лица, а осуммина помош побарале и во КБ Штип. Според информации на М Нет телевизија во тепачката учествувале лица од Кочани и од Штип. Силите си ги пресметале и со употреба на тврди предмети и ладно оружје. Во штипската болница на преглед се јавиле осум лица, од кои пет ноќеска и уште три од утринава. Тие биле прегледани на одделот за ортопедија и хирургија, биле со лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, информираат од болницата. За страшната тепачка сведочат и искршени стакла на приватен објект во близина на ноќниот клуб како и траги од крв. На лице место вчера биле и Брзата помош Штип и полициски службеници од СВР Штип. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

М Нет