
Денес на М Нет телевизија ќе имате ексклузивна можност да го проследите дербито на 7. коло од Втората македонска фудбалска лига помеѓу Брегалница и Кожуф, натпревар кој се игра на Градскиот стадион во Штип.
Брегалница сака три бодови со цел да избие на врвот од табелата и како првопласирана да ја помине репрезентативната пауза. „Сините“ на Трајче Сенев засега одат според планот на патот кон враќање во Првата лига, а од друга страна во Штип доаѓа тимот на Кожуф кој во тековната сезона сака од втор план да се наметне за местата кои водат кон Првата лига, па како на штипјани, така и на тимот од Гевгелија, кој е предводен од Филип Деспотовски игра допадлив фудбал.
Сенев е поранешен тренер на Кожуф, Брегалница има поранешни играчи на Кожуф како Бојан Иванов, Грегори Давков, Џихан Адили, па тоа може да биде и предност за Брегалница.
Трите бодови се императив и за двете страни, Брегалница е благ фаворит, а Кожуф доаѓа по целиот „плен“. Главен судија на мечот во Штип ќе биде Марјан Стојановски од Кичево.
Натпреварот од Штип меѓу Брегалница и Кожуф следете го во живо на М Нет телевизија, денес со почеток од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет