Брегалница го доби Кожуф и остана лидер, Македонија ЃП, Охрид и Башкими до три бода!

Во рамки на седмата рунда од Втората лига на М Нет телевизија можевте да го проследите дербито помеѓу Брегалница и Кожуф каде трите бодови беа важни и за двете екипи на патот кон Првата лига. На Градскиот стадион во Штип резултатот беше 1:0.

Одлично прво полувреме со шанси и на двете страни, каде “сините” со голот на Давид Стојков имаа водство од 1:0 на полувреме.

Во вториот дел мрежите мируваа со што трите бида останаа во Штип.

Во Радовиш екипата на Детонит Плачковица го пречека „разнишаниот“ Вардар Неготино каде исходот беше 1:1.

Радовишани преку Лука Трајкоски дојдоа до водство од 1:0, а потоа токму Трајкоски си постигна автогол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа.

На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Беласица ја пречека Каменица Саса каде ремизираа двете екипи за 2:2.

На полувреме Беласица имаше предност од 2:1 со головите на Стојанов и Дебрешлиоски беа стрелци за Беласица, а за Саса погоди Симевски во финишот на првиот дел за 2:1.

Во вториот дел Чурлинов обезбеди бод за Саса, а Беласица пак остана без победа.

Во Велес се соочи поранешните прволигаши Борец против Скопје каде двете екипи ремизираа играјќи 2:2. За домаќинот стрелаа Османи и Јордановски, за гостинот Дани и Пашариковски.

Македонија ЃП како голем фаворит на домашен терен го пречека Осогово од Кочани во меч каде „лавовите“ славеа со 2:0 со головите на Стоилов и Христов.

На „Билјанини Извори“ се соочија Охрид и Новаци каде домашниот тим со 3:1 однесе победа преку пресврт. Торнески погоди за 0:1, а потоа Охрид преку Парталко, Дишлиевски и Попоски дојде до нови три бода.

Башкими како домаќин и во рамки на седмата рунда играше во Гостивар каде против Победа однесе триумф од 3:1. Хамза, Демири и Саити беа стрелци за Башкими, а за прилепчани гол даде Талески.

Колото беше отворено вчера со мечот меѓу Арсими и Вардарски, каде домаќинот како фаворит стигна до победа од 3:0, за што веќе информирамише М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет