
Денес започнува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а вие почитувани гледачите на телевизија М Нет и во новата сезона ќе може да следите натпревари во живо преку директни преноси на телевизија М Нет и спортскиот канал М Нет Спорт од стадионите ширум нашата прекрасна Македонија.
Веќе денес во рамки на првото воведно коло ќе имате можност да проследите два натпревари во живо.
- Брегалница – Победа, телевизија М Нет, 17 часот
На телевизија М Нет ќе може да го проследите соочувањата на екс прволигашите Брегалница и Победа, два фудбалски бренда на Градскиот стадион во Штип започнуваат две различни мисии. Брегалница сака експресно да се врати во Првата лига, а пак Победа сака да го обезбеди директниот опстанок со млада екипа многу порано, со цел да не се случи ланската сезона кога прилепчани преку бараж се спасија и опстанаа во лигата.
Преносот од Штип на телевизија М Нет започнува во 17 часот.
Главен судија на натпреварот ќе биде Фатмир Бафто од Охрид.
- Осогово – Вардар Неготино, спортски канал М Нет Спорт, 17 часот
Вториот натпревар кој ќе може да го проследите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт ќе биде од Кочани меѓу Осогово и Вардар Неготино. Две екипи кои сакаат новата сезона да ја отворат со победа. „Жетварите“ минатата сезона во последното коло го потврдија опстанокот, а пак Вардар Неготино како повратник имаше повеќе од одлична сезона. Меѓутоа во новата сезона неготинци имаат изменет лик со млада екипа која е желна за докажување.
Преносот од Кочани на спортскиот канал М Нет Спорт започнува во 17 часот.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево.
Со ова се потврдува големата соработка на телевизија М Нет и Фудбалската федерација на Македонија, во новата сезона ќе имаме и доста новитети.
Александар Ванев, М-Нет