
Македонскиот шампион во футсал екипата на Форца против Титоград од Црна Гора, Даблин од Ирска и Ренџерс од Малта ќе се сооќи во квалификациите од Лигата на шампионите.
За Форца ова ќе биде прв настап во квалификациите од Лигата на шампионите односно е дебитант, откако Форца минатата сезона доминираше во домашното првенство, ја освои шампионската титула во Првата футсал лига, а потоа го освои и Купот на Македонија односно Форца ја освои „двојната круна“.
Во главната фаза во Лигата на шампионите ќе се пласира само екипата која ќе заврши на првото место на табелата во групата, а натпреварите ќе се одиграат во Скопје во период од 20. до 25. август во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Првиот меч на програмата од групата А каде што настапува македонскиот шампион Форца е на 21. август од 20:30 часот каде Форца ќе игра против екипата на Даблин од Ирска, вториот меч Форца го игра против Ренџер на 22. август, во истиот термин, а третиот меч го игра против црногорскиот тим Титоград на 24. август од 20:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет