
Сообраќајна незгода на патот Крупиште Пробишти во населбата Ванчо Прке се случи утринава нешто по 9 часот. Пријавата до полицијата пристигнала во 9:33 часот. Според информации од СВР Штип во сообраќајната незгода учествувало едно возило кое се превртело на покривот. Полициски службеници од СВР Штип беа на местото на несреќата а а известен беше и Јавен обвинител. Според првичини информации повредени се две лица, возачот и совозачот и се пренесени во Клиничка болница Штип. Ос таму ја потврдија информацијата, додавајќи дека една пациентка е префрлена во шок соба, а другиот пациент се уште е на амбулантски иследување. И двајцата се прегледани од хирург, неврохирург и анестезиолог. Подетални информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.