По три дена мрак во населба „Балканска“ во Штип, уличното осветлување денеска е поправено

Три дена населба „Балканска“ во Штип оставена во мрак без улично осветлување. Граѓаните со реакција до нашата редакција велат принудени се да ги остават вклучени нивните домашни светилки, а со тоа да потрошат повеќе електрична енергија. Врвот ќе го достигнат високите сметки за струја за месец јануари, додаваат граѓаните. И покрај тоа што надлежните најавуваат решавање на проблемот со уличното осветлување во Штип, недостатоци се уште има. Го прашавме градоначалникот на Општина Штип зошто граѓаните од Балканска немаа улично осветлување, но тој исткан дека не е запознаен со овој проблем, додавајќи дека ќе се реагира за решавање на проблемот.

„За ова не сум информиран. Ние имаме 24 часовна служба која што прима повици во врска со уличното осветлување со евентуални дефеци. Досега немаме добиено таква поплака, прв пат слушам за ваква информација, но во текот на денот ќе испратиме екипи кои ќего решат проблемот“ – вели Јорданов.

За разлика од Јорданов в.д. директорот на ЈП Стипион, Игор Ефтимов утринава кажа дека пријава пристигнала и се работи на проблемот.

„Денес тоа беше пријавено во ЈП „Стипион“. Веднаш штом дојде пријавата јас ја препратив до економскиот оператор од каде имам уверување дека брзо ќе се санира проблемот“ – додаде Ефтимов.

Неколку часа подоцна, Ефтимов информираше дека проблемот е решен. Потегот од населба Балканска до Македонска е осветлен. Уличното осветлување е поправено и мракот за грааѓните останува во минатото. Истовремено, тој апелираше доколку се забележат проблеми навремено да се пријавува за да може да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет