Соколи убедлив против Ангели во „Јордан Мијалков“, Куманово и Шкупи до нови победи!

Кошаркарките на Соколи во ова коло беа убедливо подобри од екипата на Ангели, откако славеа со високи (82:60), и се шести на табелата со ефект (8-11), односно имаат една победа повеќе од Борец Баскет (7-12).

Маџари на домашен терен загуби од Куманово со 60:68 со што лидерот има максимални 19 победи во регуларниот дел на едно коло до крајот. Мега Баскет загуби од МЗТ Скопје со 72:61, Тетекс на домашен терен го изненади Работнички 2018 со 77:56, Шкупи беше убедлив со 111:70 над Борец Баскет.

Во оваа коло слободна беше екипата на Водно Санс.

Куманово е лидер на табелата со максимални 38 бодови и како прв ќе стартува во доигрувањето, Шкупи е втор со 35 бодови и го обезбеди второто место, а пак Маџари е трет со 34 бодови. Ангели е на 4. место со 31 бод колку што има и МЗТ Скопје кој место подолу.

На шестото место со 27 бодови е Соколи од Штип, Борец Баскет е седми со 26 бодови, Водно Санс е осми со 25 бодови, колку што има и Мега Баскет кој е место подолу. Работнички е на десеттото место со 22 бодови, а на дното е Тетекс со 21 бод.

Александар Ванев, М-Нет