„Разбирање и прифаќање е се што сакаме“ – одбележан 2 април меѓународниот ден на аутизмот

„Разбирање и прифаќање е се што сакаме“, денес се одбележува 2 април- меѓународниот ден на лицата со аутизам. По тој повод се организираше активност во која учествува ученици од оделениата за посебни потреби и ученици од редовната настава од „Ванчо Прке“. Од таму посочуваат дека целта на ова дрижење е да се помогне во надминување на стереотипите и социјализацијата кај децата со потешкотии при развојот.

„Денес преку активност на тема „Да засадиме во сино“, центарот за подршка на учењето го одбележа 2 април меѓународен ден на лицата со аутизам. Учество на оваа активност зедоа ученици од посебните оделениа, ученици од редовна настава од второ и четврто одделение од нашето училиште. Целта на ова дружење е да се помогне на децата со аутизам да се дружат со своите врсници, да се помогне на нивна социјализација и надминување на стереотипите кои постојат кај лицата со потешкотии со развојот.“ – изјави Петровски

Исто така на ова активност велат дека подршка добиле и од локалната самоуправа на Штип, со вредносни ваучери, а активноста се реализираше во училишниот двор на училиштето каде дечињата засадија цвеќиња во форма на срце.

„Подршка на овој даде и локалната самоуправа на општина Штип со вредносни ваучери на ценатрот за подршка на учењето и дневниот центар за аутизам.Учениците во училишниот двор сите заедно упативме порака за подигање на јавната свест кон лицата со потешкотии во развојот, а со тоа децата засадијса цвеќиња во форма на срце. Разбираање и прифаќање е се што сакаме, да и бидеме постојана подршка.“ – додаде Петровски

Инаку, „Ванчо Прке“ покрај посебните оделенија каде што учат ученици кои имаат потешкотии со развојот, со самите законски измени сега е и центар за подршка кој дава подршка на ниво на општина. Од сите училишта инклузираните ученици доаѓаат на индивидуални третмани, а бројот на деца кои го посетуваат центарот е околу 10, со различен вид на попреченост.

Лаура Стојанова М-Нет