Работнички спогодбено се раздели со Гоце Седлоски, Горан Станиќ негов наследник

ФОТО: ФК Работнички

Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски, а негов наследник ќе биде Горан Станиќ.

Со Седлоски од Работнички заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски. Од клубот им се заблагодарија за посветеноста и професионалноста.

Работнички е во голема резултатска криза со четири порази во низа и се наоѓа на делба на осмото место со 27 бодови, само бод повеќе од бараж зоната каде што е Вардар.

Новиот шеф на стручниот штаб Станиќ своето деби ќе го има веќе викендот на дуелот против Воска Спорт во Охрид, а негови помошници ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Трнер на голманите останува Матеј Миленков.

Станиќ денес ќе го одржи првиот тренинг со тимот.

Александар Ванев, М-Нет