Снегот им го збогати распустот на сите ученици и деца, секојдневно се санкаат и прават снешковци

Распуст со снег до колена, со санки и многу дружба е приказната за волшебната зима, која годинава разбуди могу емоции и кај децата во Штип. Со волнени шалови и ракавици, тие ги напаравија снешковците и им ставија морков и метла за да изгледат исто како во честитките. За М-Нет телевизија велат тие велат дека се многу среќни, но и задоволни бидејќи секојдневно другаруваат санкајќи се во убавиот Штип.

Бабите и дедовците, кои ги чуваат своите внуци, велат дека секојдневно од кога завеа снегот, тие ги изнесуваат своите најмили се со цел им ја прикажат вистинската смисла на самата зима

Повозрасните велат дека многу одамна тие секоја година имале многу снег, па тоа можеше да се забележи во нивните очи.

Инаку, сегот се очекува да се задржи, бидјќи од вчера започна падот на температурите, а тоа ќе го задржи снегот подолго и дечињата ќе имаат повеќе можност да уживаат и другаруваат.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет