Мехмет Усаинов сѐ уште заглавен низ лавиринтите на институциите, неоснована е вели одлуката да се лекува во Негорци

Со помош на адвокатот и докотрите успеав да го пробијам ледот во работењето на институциите. Мехмет Усаинов по четврти пат пред М-нет телевизија ја раскажува маката, која досега претставуваше кошмар која му дишеше во врат. Сега вели дека донесената одулка од страна на судот тој за да се лекува во психијатерска болница Негорци е неоснована, бидејќи правдата пополека доаѓа.

“По четврти пат сум пред камерите на М-Нет телевизија и во сите излагање објавувам онолку колку што можам и колку што имам право на сето тоа. Во оваа прилика сакам да кажам дека конечно е пробиен ледот во работењето на институциите, односно го имам првото ослободително решение, каде што труд и социјала барање прво една година задолжително лекување во Негорци, па потоа им падна па потоа за лекување при доктор назначен од судот и тоа им падна. Па имавме период кога мораше да правам психијатерски наоди, да одам на психолози. Само ова дело е враќано од апелација. Во овој момент сакам да изразам благодарност до мојот адвокат, до докторите кои дадоа реален наод и мислење према податоците и документацијата, а не како претходно како што работеа на некакви си нивни мислења и документација.“, вели Усаинов

Нападот врз Усаинов се случил на девети мај претходната година, па од тогаш до денес тој живее со тежок притисок.

“Тука се работи за семејно насилство, кое е пријавено на 2.05 кога правев припреми за да работам за Велигден, на 9 ти сум во Велес, веднаш потоа одам на Миријанина црква, каде што имав напад од господата. И тоа така го направија со брзи потези за да јас незнам на каде. Во ова судење и на крај за да дојдам до ова ослободително решение и да паднат сите жалби од труд и социјалаа и да бидат назначени како неосновани има многу работи кој во тој момент јас ги обвинувам судиите кои се сменија. Ние со нашиот судија приложивме толку колку што можевме и доставивме документација.“, додава Усаинов

Инаку судот на последното судење донел одулка за задолжително лекување во Негорци , но како што вели Усаинов истото е одбиено и донесено решение како неосновано.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет