Синоќа санкционирани 19 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Штип

Синоќа (25/26.03.2023) во периодот од 23 до 05 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, во контролите беа санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да обезбедиме побезбеден сообраќај.