
Денес со два натпревари беше одиграно 11. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад.
Убедлива и висока победа однесе непоразениот лидер Влазерими Ј 1977, кој со 4:2 го доби дуелот со Речица.
Првиот дел заврши со предност за Влазерим Ј 1977 со резултат од 2:1. Ален Думоски во 15. минута го отвори резултатот, а по три минути игра Артан Зеќири израмни на 1:1. Сепак, домашниот тим брзо го врати водството со втор гол на Думоски.
Стартот од вториот дел на натпреварот донесе двојна предност за домашниот тим, кој преку Вецко Вренцоски во 65. минута стигна до 3:1. По десет минути игра Зеќири со втор гол намали на 3:2 и ја врати Речица во борба барем за бод.
Сите дилеми околу трите бодови ги реши Аљбан Бајрами во 80. минута кога ја погоди противничката мрежа за конечни 4:2.
Зајази со минимални 0:1 на теренот во Камењане го доби тимот на Камјани. Стрелец на единствениот победнички гол за гостите беше Шќиприм Руфати во 42. минута од мечот.
Лидер на табелата во Трета лига – Запад останува Влазерими ј 1977 со 21 бод, додека пак Зајази е втор со 18 бодови.