
По четири одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига две екипи имаат максимален учинок – Силекс и Струга Трим Лум пред репрезетативната пауза, а прволигашките возбудувања ќе продолжат следниот викенд.
Прволигашот од Кратово е на врвот од табелата со максимални 12 бодови и има најдобра гола разлика од 12 постигнати погодоци или просек по четири погодоци по меч, а нема ниту еден приме гол и всушност тимот на Александар Васоски е единствениот со чиста мрежа во фудбалската елита на Македонија.
На второто место со 12 бодови е тимот на Струга Трим Лум, со гол разлика од 11 поостигнати и еден примен гол.
Вардар е трет, а актуелниот освојувач на Купот на Македонија има десет бодови на своето конто, Шкендија е четврта со седум бодови, но шампионот на Македонија има натпревар помалку.
На петтата позиција е Башкими, а новиот прволигаш од Куманово има исто така седум бодови на своето конто, па за поранешниот освојувач на Купот на Македонија од сезона 2004/2005 ова е одличен старт во новата сезона.
Македонија ЃП по трите порази во низа и лошото отварање на сезоната забележа победа над Пелистер и така „лавовите“ стигнаа од првите три бодови на своето конто.
На осмата позиција е дебитантот Арсими со два бодови на своето конто, а толку имаат Тиквеш и Брера Струмица. Само еден бод има Работнички, но „романтичарите“ имаат и меч помалку тој со Шкендија, а на дното без бодови е Шкупи.
Александар Ванев, М-Нет