
Приведени возачи во Штип и Делчево поради пребрзо возење.
На 05.09.2025 во 19:40 часот на ул. „Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.Ц.(48) од Скопје. При радарска контрола било констатирано дека Д.Ц. управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.
На 05.09.2025 во 19:35 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Делчево. При радарска контрола било констатирано дека управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 128 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.