Ракометарките на Астибо утре во реновираната сала „Тошо Арсов“ во Штип ја отвараат новата сезона против Спартак

Овој викенд започнува новата сезона во женската ракометна Суперлига, а екипата на Астибо сезоната ја отвара на домашен терен против Спартак, во меч кој се игра утре, недела во реновираната сала „Тошо Арсов“ во Штип, со почеток од 12 часот.

Тимот кој го предводи тренерот Дејан Величков новата сезоната ја отвара со освежен ростер и неколку нови засилувања во тимот како Марија Бојковска, Клементина Ѓурческа, Мила Филипова и Ангела Петровска, а пак на голманската позиција клубот се засили со искусната Кристина Младеновска Кузманоска и Хани Чобанова.

Како што велат од клубот во новата сезона ќе влезат со освежен ростер, нови имиња, а притоа истакнаа дека се подготвени да понудат добар ракомет. Астибо е дел од елитниот ракомет каде ќе се натпреварува со најдобри екипи во Македонија.

Во Суперлигата покрај Астибо и Спартак ќе настапат и Пелистер, Вардар, Куманово, шампионот Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.

Александар Ванев, М-Нет