„Сејмени“ го наполнија стадионот, Кочани слави – Осогово остана во Втората лига!

Екипата на Осогово се избори за директен опстанок во Втората македонска фудбалската лига, откако вчера на Градскиот стадион во Кочани со 3:0 славеше над битолски Пелистер, во натпревар од последното 30. коло, кој можевте да го следите на спортскиот канал М Нет Спорт.

Навивачата група „Сејмени“ како и спортската јавност во Кочани даде максимална поддршка за Осогово, а пак тие возвратија со голема победа и тоа над Пелистер, кој веќе обезбеди место во Првата лига односно се врати во фудбалската елита на Македонија.

Со овој триумф екипата на Осогово заврши на 12. место со 30 бодови на своето конто. Тешка сезона за повратникот во Втората лига, со доста падови, несреќни порази, загубени клучни натпревари, но сепак на крајот од сезоната Осогово, „Сејмени“ и Кочани се радуваат на оваа голема победа на овие три бодови со кои „жетварите“ на Добринко Илиевски и следната година ќе настапуваат во Втората македонска фудбалска лига.

Осогово забележа осум победи, шест ремија и дури 16 порази, со гол разлика од 34 постигнати и 54 примени погодоци.

Александар Ванев, М-Нет