Село Радање ги кани сите заинтересирани на празнувањето на Илинден, се подготвува голема програма и ручек

На втори август по повод празникот Илинден во село Радање, ќе се одржи илинденската манифестација која е стара со векови. Со вкусен ручек, курбан и народна музика се покануваат сите заинтересирани мештани и граѓани на Штип, да повелат на оваа долговековна традиција, се со цел да се одбележи достојно празнувањето на светителот Илија, кој е закрилник на истиоименото село.

“Оваа година, како и предходните години, но оваа година е посебна. Наутро се коле курбанот во 10 часот. Нека повелат долу, ќе се помогне со што можеме, додека ручекот е некаде околу 13 часот, камбаната чука. Ќе има народна музика, не е имално порано, ама сега ќе има за да се провелесеме и да играме. Оваа година благодарение на Мите Шуманката добивме донација за компирот и салатата. Теле ќе купиме, важно е да се одбележи празникот”, вели Илија Стојанов, организатор

Се собираме за здравје и среќа, но и за да го заштитиме селото од невреме и поплави, велат мештаните на селото и топло ги покануваат сите заинтересирани

“За здравје, се собираме, кој дојдат, дојдат, кој не е во ред, бидејќи ние се собираме од селото, но доваѓаат и од градот. Една година немаше,но сега организаторот тој ја поттикнува целата организација. Во минатото колеа курбан, курбан теле или јунец, што и да е, една година преќинаа почна да има невреме горе во селото”

Одбележувањето на оваа вековна традиција ќе се одржи во месностна наречена „Ѓиризи“ во истоименото село. Пророкот Свети Илија зазема значајна улога во религиите на христијаните и Евреите, но тој е од важност и за Куранот кај муслиманите. Пророк Св. Илија секогаш се празнува на втори Август, а истиот е од голема важност и за историјата претгпознатлива по Илинденското востание.

Лаура Стојанова, М-нет