ЖФК Слободен е нова екипа во женскиот фудбал, ќе се натпреварува во Втората лига!

Во новата сезона од Втората женска фудбалска лига ќе има нова екипа, откако Слободен кој има екипа во машка конкуренција, формираше и пријави екипа и во женска конкренција.

Христина Арсова, која е и поранешна репрезентативка на Македонија, вели дека формирање на екипата било поради тоа што Скопје треба да има повеќе клубови во женски фудбал.

Арсова како најискусна фудбалерка во редовите на ЖФК Слободен зборуваше и за костурот на екипата.

Интересот за женскиот фудбал се зголемува, минатата сезона имаше осум екипи во Втората лига, а во новата сезона овој број ќе се зголемува.

Како привремено решение ЖФК Слободен домашните натпревари ќе ги игра на теренот на ФК Лепенец.

Минатата сезона Атлетико без пораз стана шампион во Втората женска фудбалска лига и се врати во елитата, а пак Вардар како второпласиран го загуби баражот од прволигашот Топ Гол, кој остана во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет