
Второлигашот Каменица Саса продолжува со одигрување на пријателски натпревари преку кои се темпира формата за новата сезона.
Утре на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани екипата на Саса ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Осогово од Кочани, а стартот на овој тест е закажан во 17:30 часот.
Во недела, 4. август на Градскиот стадион во Македонска Каменица, „рударите“ ќе одиграат уште еден пријателски меч преку кој ќе се темпира формата, а за противник ќе биде најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. И овој натпревар ќе стартува во 17:30 часот.
Претходно, Саса со минимални 0:1 славеше на тестот во Виница против третолигашот Слога, реми од 1:1 против Трајал од Србија, а убедлива победа од 0:3 над Борец во Велес.
Тренерот Сашо Велиновски преку овие натпревари ја темпира формата за новата сезона, во која „рударите“ поучени од претходната сезона кога во последното коло се спасија и опстанаа во Втората лига, во новата сезона ќе атакуваат на директен и сигурен опстанок многу порано.
Александар Ванев, М-Нет