
Давала крв неколкупати ама до сега немала крводарителска книшка. Анонимна гледачка на М-Нет телевизија ја раскажува својата приказна. Вели дека уште во средношколските денови неколку пати дарувала крв, потоа и во Штип како и во Скопје, ама се уште немала извадено крводарителска книшка. Побарала од Центарот за трансфузиологија Штип, но од таму и кажале дека не ја чуваат архивата и дека не може да и напишат колку пати се оставрила во улогата крводарител. Побарала информации од Црвен крст Штип, од каде ја нашле еднаш, а еднаш ја нашле дека дарувала крв и во Скопје. Лично се обратила до центарот за трансфузиологија, но вели безуспешно. Каква е архивата во Центарот за трансфузиона медицина во Штип и дали согласно Законот се чува 30 години, пршаува таа.
Нејзините прашања, ги упативме до Центарот за Трансфузиологија Штип. Од таму велат дека лицето кое побарало крводарителска книшка ја добило истата, ама таа дарувала крв четири пати, а не осум како што и самата тврдела. Додаваат дека тие уредно ја чуваат својата архива, и дека крводарител може да се стане на 17 години, а не како на 16 години како што тврди лицето.
Инаку, со десет дарувања на крв, дарителите се ослободени од Партиципација во цената на некои здравствени услуги како: амбулантно-поликлиничка здравствена заштита, лабараториски прегледи и анализи, ренгентски прегледи, ехографски снимања, преглед со скенер и магнетна резонанца, специјалистички лекарски преглед, болничко лекување и рехабилитација (заклучно со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана), лекување на болести на уста.
Лаура Стојанова М-Нет