Се уредуваат влезови пред станбени згради во Осми Номеври во Штип, а во тек се и низа други активности

Партерно се уредуваат влезовите пред станбените згради во населбата Осми Ноември во Штип. Денеска се работеше на улицата ЈНА, а во наредниот период ќе се работи и на улицата „Боро Арсов“. Со ваквите активностите на терен кои се одвиваат во последните три години, се подобрува изгледот на оваа населба и начинот на живот за грааѓните. Активностите се по барање на жителите, а во склоп на програмата за работа на Локалната самоуправа.

„Партерно ќе се уредуваат влезовите на неколку станбени згради. Населбата Осми Ноември веќе трета година се уредува етапно и веќе финализираат активностите. Освен улицта ЈНА и уредување на овие влезови, ќе биде уредена и улицата „Боро Арсов“, влезовите, тротоарите паринг местата во оваа населба.“ – вели Јорданов.

Освен во населбата Осми Номеври денеска се асфалтираше и улицата која води до Државниот Архив, а на која претходно се работеше на подземната инфраструктура. Дополнително во наредниот период ќе се работи и на уредување на пешачката и велосипедска патека покрај река Брегалница.

„Денес освен оваа активност ќе се работи на улицата „Сане Горгиев“, улица која води до Државниот Архив, ќе се асфалтира оваа улица на која претходно се работеше на промена на подземната инфраструктура. Активностите кои се преземаат од Локалната самоуправа продолжуваат со засилена динамика.“ – додава Јорданов.

Активности се одвиваат и во останатите населени места со забрзана динамика со што се работи на подобрување на изгледот на градот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет