
Во сабота семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани излегуваат на нов протестен марш. Шести пат по ред, ќе маршираат низ кочанските улици. „Маршот за ангелите“ започнува во сабота 17 мај, во 16:05 минути симболично како резултат на задоцнета реакција. Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар, пред Општина Кочани, потоа кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
За одржувањето на маршот уредно се известени сите надлежни институции, а медиумите да го проследат и да ја почитуваат приватноста и болката на семејствата на настраданите., велат организаторите.
Семејствата на починатаите од пожарот, освен во Кочани маршираа и во главниот град каде побараа правда и одговорност за нивните ангели.
Премиерот Мицкоски вети средба со нив, на која тој ќе присуствува во Кочани, откако беше одбиено тие да заминат на средба во Влада.
Во пожарот во дисктеката во Кочани животот го изгубикја 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет