СДСМ Штип: Новата учебна година носи нови разочарувања

Наместо радост и мотивација на наставниот кадар и учениците, новата учебна година со себе  носи нови разочарувања “благодарение” на лошите образовни политики на Владата предводена од ДПМНЕ – истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип,. Како што велат од таму нема навремено доставени учебници, а дел од нив и понатаму се трошок на родителите.

„И покрај минатогодишното помпезно најавување на едносменско работење на училиштата од страна на министерката, во Штип само едно училиште останува да работи на овој начин, а тоа жал се должи единствено на постојаниот пад на новозапишни ученици. На само неколку дена пред стартот, наместо достава на учебници согласно новите образовни програми, можевме само да видиме соопштение на ресорното министерство дека учебници ќе бидат навремено доставени. Се шпекулира и дека за дел од одделенската настава- трето и четврто одделение  нема да бидат доставени нови учебници па родителите и учениците ќе мора да се снаоѓаат со она што веќе го има на располагање. Трошоците за набавка на учебниците за изучување на англискиот како задолжителен странски јазик во основното образование и понатаму останува на родителите“ – велат од СДСМ.

Дополнително велат дека и просветните работници останаа без ветените повисоки плати, а училиштата се наполни предизборно со партиски кадри.

„ Наместо реални покачувања, наставниците добија само срамно и понижувачко „усогласување“ од само 0,7% – што во пракса значи едвај 200-300 денари месечно.  Ова е уште една во низата лаги на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во нивната програма стои ветување за повисоки плати и подобрена инфраструктура во училиштата. Истовремено додека се кратеше од буџетот  на наставниците се донесоа  измените на Законот за средно образование со кои ДПМНЕ воведе повисоки платите но само директорите. Директорите добиваат значително зголемување за разлика од настаниот кадар.“ – додаваат од СДСМ.

Од СДСМ Штип посочија дека на Владата образованието не и е приоритет.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет