Зголемен Буџет и одобрение за нови 20 вработувања доби Општата болница Кочани

Зголемен е Буџетот за општата болница во Кочани, одобрени се нови 20 вработувања, а во наредниот период се очекува да започне и процесот на опремување на Одделот за физикална терапија. Дополнително ќе се обезбедат и средства за Централно снабдување со кислород на хируршките сали, посочи денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој беше во посета на кочанската болница.

„Одобривме зголемување на Буџетот на Општата болница Кочани. Исто така одобрени се 20 вработувања од кои добар дел се анализирани. Одобривме и набавка на дигитачен рентген кој, а го видовме и напредокот на реконструкцијата на Физикалната терапија. Градежните работи се завршени, во моментот се чисти просторот и многу наскоро ќе започне опремувањето.“ – вели Клековски.

Во наредниот период се предвидени и низа други активности кои ќе се реализираат во општата болница Кочани, со што ќе се подобрат условите за пациентите.

„Голем дел од градежните активности се завршени, а во изминатиот период имаше повеќе активности. Се направи комплет промена на вертикална канализациона и водоводна мрежа“ – вели Паниќ Мирчовска.

Инаку, на 20 август успешно заврши и процесот на рехабилитација на повредните од пожарот во дискотеката Пулс кои беа на одморалиштето на Пониква.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет