Раздвиежн последениот пазар за овој месец во Штип, задоволни и продавачите и купувачите

Раздвижен празничен пазар во Штип. Рано утринава се купуваше зеленчук и овошје, по цени достапи за џебот на граѓаните. Иако последен пазар за овој месец, сепак како што велат продавачите, забележителна беше раздвиженоста и побарувачката. Овој период од годината најмногу се бараа пиперот доматите и лубениците. Овие производи беа по цени кои се нормални за оваа сезона. Производство има доволно, недостасува само желба за работа кај младите.

„Има, има раздвиженост и цените се прикладни за нашите примања. Има пазар, има и производство. Најмногу се бараат пиперките и доматити, како и бостанот.“ – велат продавачите.

Задоволни од производите и нивните цени беа и повеќето купувачи. Велат мора да се јаде, па мора и да се купи по некој килограм овошје и зеленчук.

Осве пиперот и доматите, на листата барани производи беше и краставицата, компирот, ајварскиот пипер како и сезонското овошје.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет