
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип на 2 лица им се издадени решенија за изолација, а 4 лица се во самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 61 контрола над лица во изолација и 286 контроли над лица во самоизолација.
Забраната за движење не ја почитувале 8 лица, од нив две се малолетни, приведени се 4 лица, поднесени се 13 кривични пријави по чл.206. Контролирани се вкупно 117 објекти.