Општина Македонска Каменица бара донации во храна за лицата во социјален ризик

Општина Македонска Каменица ги повикува сите физички и правни лица кои имаат можност да донираат прехрамбени и хемиски производи за ранливите категории на граѓани. Средствата кои во моментов им се најпотребни на нашите сограѓани, да ги достават во општина Македонска Каменица.

Мобилните тимови на општина Македонска Каменица ќе им ги достават на старите, изнемоштени, болни и ранливи лица.

Телефонски број за контакт со општина Македонска Каменица 

033 432 741 и 071 377 841

„Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме заеднички да си помагаме во овие тешки моменти“ – стои во апелот на локалната власт во М.Каменица до граѓаните.