
СВР Штип поднесе кривична пријава против седуммина штипјани и еден од село Уларци поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.05 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници биле лишена од слобода. Пријавените се на возраст од 21 до 41 година.