Сабит Билали претставен како прво засилување во Работнички

Прволигашот Работнички го претстави Сабит Билали како прво зимско засилување за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

26-годишникот со „романтичарите“ се обврза на верност од две години, а во Работнички доаѓа од редовите на албанскиот тим Партизани, додека пак во Македонија настапуваше за екипите на Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП и Гостивар.

Работнички е на подготовки во Охрид каде ја темпира формата за пролетната полусезона.

Александар Ванев, М-Нет