
Некогашниот прволигаш од Тетово, екипата на Шкендија го претстави Стефан Коцев како најново засилување за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Штипјанецот се враќа во македонскиот фудбал откако го носеше дресот на казахстански Каспиј, каде настапуваше во последните шест месеци.
29-годишникот најдобро може да одговори на десната бековска позиција, а во својата кариера има настапувано и за Брегалница и Силекс, косовска Лирија, а кратко настапуваше и во грчки Аспропиргос.
Шкендија презими на 3. место на табелата во ПМФЛ и во пролетниот дел ќе води борба за шампионската титула.
Александар Ванев, М-Нет