Реставрација на црквата „Свети Власиј “ на Исарот со ЕУ пари

Општина Штип заедно со бугарската општина Белица во наредните две години ќе искористат над 400.000 евра за културен туризам, но и за рехабилитација на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ и реставрација и конзервација на црквата „Свети Власиј“ на тврдината Исар. Од овие средства 221.034 евра се наменети за општина Белица, а 185.187 евра за Центарот за развој на Источен плански регион.

„Ова е значајна инвестиција која ќе обезбеди
реконструкција и реставрација на црквата „Свети Власие“  која се наоѓа на тврдината Исар, а датира од
поодамна и е во дотраена состојба“
изјави градоначалникот Бочварски.

Вториот дел од проектот претставува изградба на пристапна патека кон црквата од западната страна, а третиот дел опфаќа осветлување на пристапната патека и на црквата „Свети Власие“ со украсни канделабри.