Над 70 активни случаи на заболени од ковид-19 има денес во Штип, најголемиот дел се асимптоматски и се на домашно лекување, а 16 пациенти се лекуваат на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Болницата е подготвенаи за поголем број на пациенти, вели директорот д-р Ален Георгијев.
Старосната структура на активите пациенти е две деца, двајца постари граѓани, а останатите се на средна возраст. Штипската статистика не отстапува од светаката во поглед на најранливите категории, а тоа се најмногу лицата со хронични белодробни заболувања, но и со други хронични болести. Ковид 19 дава неспицифична клиничка слика, наеднаш ги напаѓа двете белодробни крила и трајно ги оштетува, појаснува Георгијев.
Доректорот на Клиничката болница апелира до граѓаните да ги практикуваат пропишаните превентивни мерки и да се навикнат уште долго да живеат со држање дистанца, носење маски и често миење на рацете.