Уште една текстилна компанија во Штип зафатена од Ковид-19 – ќе се ангажираат ковид координатори

Расте бројот  на заболени од ковид 19 во Штип. Вирусот е проширен во уште една текстилна компанија, така што во скринингот, заедно со останатите пет компании,  опфатени се околу 800 лица. Општинскиот клризен штаб одлучи секоја поголема компанија да обезбеди таканаречени ковид координатори. На состанокот на кризниот штаб во Штип присуствуваше и националниот координатор на кризните штабови за заштита од ковид 19, вицепремиерот Бујар Османи.

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски вели дека не е време за ширење дезинформации и политички препукувања, туку момент на сериозен пристап и од страна на институциите и од страна на граѓаните.

Дали во Штип и во општините каде има пораст на заболените потфрлија институциуите или граѓаните, во овој момент не е важно, изјави координаторот Османи. Сега е време на мобилизирање на сите капацитети за да се стопира ширењето на вирусот, и време на највисоко ниво на лична и заштита на колективното здравје.