
Брегалница на Градскиот стадион во Штип ја одигра „генералката“ пред стартот на пролетната полусезона во Втората лига против бугарскиот тим Вихрен од Сандански.
Натпреварот заврши постигнати вкупно четири погодоци, но без победник, за 2:2. Мрежите по двапати се тресеа и кај двете екипи. За штипска Брегалница стрелци беа Томовски кој погоди во 72. минута и Хаџи-Кимов кој стрелаше во 90. минута.
Брегалница е на второто место во Втора лига, место кое води директно кон Прва лига, а тимот на Трајче сенев сака да го сочува оваа второ место и притоа да го напаѓа првото каде е лидерот Македонија ЃП со пет бодови повеќе во однос на штипските „сини“.
Пролетната полусезона започнува следната сабота на 15. февруари, а Брегалница гостува во Прилеп кај Победа.
Александар Ванев, М-Нет