Шкендија Арачиново подобра на тестот со второлигашот Арсими

Третолигашот Шкендија Арачиново со 2:3 славеше на тестот со второлигашот Арсими во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната.

Третолигашот од Арачиново во пролетниот дел сака да го потврди првото место и со тоа да го обезбеди баражот за Втора лига. На денешниот пријателски меч за тимот од Арачиново стрелаа Артан Чилафи, Фикрет Ливарека и Мргим Дани, додека пак за Арсими погодија Албан Рамадани и Мухједин Дардита.

Арсими ќе атакува на местата за Прва лига, а пак Шкендија Арачиново се надева на победа во баражот и влез во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет