Расфрлан отпад и смет на секој чекор во нас. Трајаново Трло во Кочани, жителите бурно реагираат

Расфрлан отпад, ѓубре на секој чекор, летаат ќеси, гнијат остатоци, се шетаат инсекти, вакваа е секојдневната слика во кочанската населба Трајаново Трло. Револтирано жителите од таму реагираат за ужасната глетка, која длабоко ги вознемирува. Велат ситуацијата, не само што е срамна слика за градот, туку претставува и опасност за жителите, бидјеќи на високите летни температури се шират бактерии и непријатна миризба, од кои можат да се случат несакани последици. Додаваат дека тие не се неми, веќе неколку пати пријавиле, алармирале, но одговор и реакција се уште нема. Секој ден се соочуваат со истатата слика и истиот проблем. Немајќи решение, тие испратија слики до нашата редакција, на кој јасно се гледа дека ѓубрето е расфрлано на сите страни. Во согласност со ситуацијата, М-Нет телевизија се обрати до ЈП Водовод, кој се надлежни за одржувањето на јавната чистота во овој дел од градот, но до објавувањето на прилогот, не добивме никаков одговор.

Иван Митев, М-Нет