Ракометарките на Астибо од Штип ќе гостуваат кај Стружанка, Овче Поле СУ ќе го пречека Шампион

Викендот се играат натпреварите од второто коло на Првата женска ракометна лига, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Јехона.

Саботната програма нуди два натпревари, а еден натпревар ќе се одигра в недела за комплетирање на втората рунда.

Во салата „Тими“ екипата на Струга ќе го пречека тимот на Гевгелија Југ во дуел на две екипи кои со победи ја започнаа новата сезона. Еден час подоцна во салата „Цар Самоил“ во Свети Николе ќе се одигра натпреварот меѓу фаворитот Овче Поле СУ и Шампион, за очекување е бодовите да останат на контото на домашниот тим, а се друго ќе биде изненадување.

Астибо од Штип го игра првиот меч во новата сезона, откако во првото коло беше слободен. Штипјанки в недела ќе гостуваат кај Стружанка, каде во салата „Тими“ во Струга ги очекува дуел за освојување на бодови. Стружанка службено го загуби мечот со Овче Поле СУ, а сега ќе бара први бодови. Натпреварот ќе започне во 12:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет