
Утре и во недела, ќе бидат одиграни натпреварите од второто коло на Првата ракометна лига. Во салата „Цар Самоил“ во Свети Николе екипата на Овче Поле ќе ја бара првата победа во новата сезона против Аеродром, тим кој во првото коло славеше над Радовиш. Дебитантот Илинден на домашен терен ќе го пречека составот на Јехона, дербито на колото ќе се игра во Неготино каде ќе се соочат поранешните суперлигаши Вардар и Пролет.
Саботната програма го носи и натпреварот меѓу Шампион и Сокол Саса од Македонска Каменица.
В недела, ракометарите на Текстилец УГД од Штип ќе гостуваат кај тимот на Македонија ЃП во неизвесно дерби каде штипјани ќе имаат предизвик да ја продолжат победничката низа, откако во првото коло славеа во Ресен. Со поддршка од домашната публика, Македонија ЃП ќе има фаворитска предност. Овој натпревар ќе се игра во салата „Кочо Рацин“ во Скопје со почеток од 16 часот.
Ланскиот суперлигаш Радовиш по поразот во првото коло на домашен терен ќе ја бара првата победа против Драчево Јуниор.
Партизан во Гевгелија пред домашната публика ќе се соочи со Преспа, гостинот од Ресен ќе бара прво сезонскo славје.
Александар Ванев, М-Нет